Македонија
23. November 2017 - 16:53

Богдановиќ најави повисоки цени на паркингот во општина Центар за 50% - Ќе се ревидираат објекти и споменици

Општина Центар загадувањето ќе го намалува со поскапување на паркинг цената. По предлог на градоначалникот Богдановиќ, следната недела советот ќе одлучува за оваа краткорочна мерка во борбата за почист воздух. Цените ќе бидат повисоки за 50 проценти. За еден час паркирање на улиците околу плоштадот Македонија, со мерките ќе биде поскапен на 150 денари. Таму каде што цената е 40 ќе биде 60, а каде што е 50 ќе биде 75 денари на час.

Приоритет за градоначалникот на Центар е и детална ревизија на дел од спомениците и објектите од проектот скопје 2014та. Споменикот на Ќосето е прв на ред за отстранување доколку од градот Скопје потврдат дека не бил законски поставен. Ќе се проверува документацијата на мостот Око, споменикот на Мајка Тереза , Градската куќа .

- Еден по еден ќе се отвараат постапки за одредени работи што се правеле на територија на општина центар, за кои општината била само алатка. Споменикот на Ќосето со одлука на Град Скопје е прифатен како донација од здружение на граѓани, но доколку се утврди дека нема одобрение за градба за поставување на постаментот, ќе биде дислоциран.

По овие, проверка ќе се прави и на голем број  други споменици и  објекти од проектот скопје 2014 информираат од министерството за култура.

Инаку следната недела Богдановиќ и Шилегов ќе разговараат и за спорната тераса на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ. Кривични пријави нема да има, градежните инспектори ќе одлучат како ќе се постапува.