Богоев: Буџетот за 2023 обезбедува средства за повисоки плати и пензии
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев денеска на трибината ,,Силно и одлучно кон иднината" во општина Брвеница порача дека СДСМ за целиот период од светската економска криза покажа што значи вистинска грижа за граѓаните.
- Во таа насока е и Буџетот за 2023 година кој е во Собрание а со кој обезбедуваме дополнителни 250 милиони евра за нови мерки за помош на граѓаните. Дополнително, ги зголемивме и средствата за плати и пензии, тоа значи дека и следната година ќе има раст на минималната плата и на пензиите, порача Богоев.
Потпретседателот Богоев истакна дека бројни податоци ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ а последен показател е растот на просечната плата која во септември изнесува 32.553 денари.
- Тешко е за сите, тешко е и за нас во оваа светска криза, но се бориме и ќе продолжиме да се бориме да биде подобро за сите. Заедно ги надминуваме последиците од кризата, заедно ќе ја обезбедиме сигурната и стабилба иднина и нема да дозволиме никој да ги загрозува државните и националните интереси, порача Богоев.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата