Македонија
22. April 2019 - 11:45

Богоевски: Пораката на нашите гласачи е јасна и гласна, честитки за Стево!

Пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, по вчерашните избори вели дека е време за сериозна работа пред вториот круг, но и време да се научат лекциите од првиот круг.

-Резултатите покажаа дека Стево Пендаровски е кандидатот кој ужива најголема поддршка од граѓаните. Сепак разликата е помала од посакуваната, а пораката која ја испраќаат нашите гласачи е јасна и гласна.

Време е за сериозна работа пред вториот круг, но и уште посериозно размислување за лекциите кои треба да ги научиме од денешниот ден.

Честитки за Стево. Тој е одличен кандидат, а ќе биде уште подобар Претседател. Продолжуваме, напиша Богоевски на фејсбук.