Македонија
26. јуни 2020 - 11:05

Богородица отворена, Евзони затворен за влез во Грција

Граничниот премин Богородица од денеска е отворен за излез и влез во земјава, но од соседната страна копнената граница на Грција останува затворена за влез на туристи и патници најмалку до 1 јули.

Од дежурната гранична служба утрово информираа дека грчките гранични службеници денеска повторно ги враќале назад сите туристи, па дури и оние од Шенген зоната и ЕУ, за влегување во Грција ги насочувалле да патуваат преку Бугарија, а преку Евзони моментно е дозоволен само излез на сите што заминуваат од Грција.

Исклучок за влез во Грција се прави само за патници кои имаат регулиран престој во Грција, како и за транзитниот сообраќај кој се одвива како во нормални прилики.

Од денеска слободен влез во земјава им е дозволен на грчките државјани, но од утринава на влез во земјата се регистрирани само десетина грчки возила, рекоа од дежурната служба на ГП „Богородица“.