Loading Video...
Кошарка
9. August 2022 - 16:53

Бојан Крстевски: Се надевам дека ќе ги минеме овие претквалификации за СП

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија од вчера е Маврово каде во наредните денови ќе го одработи првиот дел од подготовките за новиот циклус пред-квалификации за ЕП.
 
Во Маврово треба да се одработат базичните подготовки по кои кошаркарите се враќаат во Скопје, каде се очекува сите кои добија повик од новиот селектор Јончевски, а недостасуваат сега, да се стават на располагаше на селекцијата.
 
„Пред се, имаме некои дваесетина дена, од кои седум во Маврово, добро да се подготвиме и да влеземе во натпреварувачки ритам. Екипата сега е малку повеќе комплетна во однос на претходно, имаме и нов селектор со кого добро се познаваме. Имаме еден контролен меч со Црна Гора, кој ќе биде најава за двата претквалификациски дуели. Се надевам дека ќе ги минеме овие претквалификации. Словачка ни е добро позната, во неколку наврати имаме играно и имаме позитивен скор, се надевам дека така и ќе продолжи. Данска и Норвешка можеби не звучат атрактивно, но не може да се потценат, затоа што денес сите играат кошарка. Одиме чекор по чекор и се надевам на позитивен исход. Секој играч ни е добредојден напомош за овие предизвици“, вели еден од поискусните во нашиот националн тим, Бојан Крстевски.
 
Првите два натпревари од претквалификациите црвено-жолтите ќе ги играат кон крајот на овој месец против Данска и Словачка, селекции кои се дел од групата „Д“ во која за противник ќе ја имаме и Норвешка.