Loading Video...
Спорт плус
4. April 2020 - 16:03

Боксерскиот спектакл Џошуа – Пулев одложен „за подобри времиња“

 
 
 
Боксерскиот меч што треба да биде своевиден спектакл, а во кој треба да се борат актуелниот шампион Британецот, Ентони Џошуа и Бугаринот, Кубрат Пулев е одложена поради пандемијата од Корона вирусот. 
 
Борбата беше закажана за 20 јуни во Лондон и тоа на стадион на Тотенхем кој во меѓувреме стана еден од бројните центри за побра против пандемијата барем засега за месец или два. 
 
„Се обидуваме да најдеме термин на почетокот на јули или август. Се надевам дека борбата ќе се одржи до крајот на летото“, изјави промотерот на борбата Еди Херн.
 
Инаку, Пулев го предизвикува Џошуа во ИБФ верзијата, а Британецот е носител и на титулите во ВБА, ИБО и ВБО верзијата, откако му се реваншира на Енди Руиз од кого претходно беше поразен.
 
 Единствениот појас му недостасува на Џошуа е оној од ВБЦ верзијата што е во сопственост на неговиот сонародник Тајсон Фјури.