Свет
18. August 2016 - 12:44

Боливија отвори антиимперијалистичка воена академија

Боливискиот претседател Ево Моралес отвори нова воена академија каде учениците ќе учат како да се спротистават на влијането од САД на земјите во развој.

Моралес истакна дека кадетите ќе го изучуваат империјализмот и неговите последици. 

Академијата е замислена како противтежа на Американското воено училиште во сојузната држава Џорџија на која се подготвувале американските сојузници за време на Студената војна. 

Новата академија се наоѓа во градот Санта Круз во источна Боливија и за почеток ќе бидат примени сто ученици. 

Откако стана претседател во 2005 година, Моралес е во многу лоши односи со САД. 

Во 2008 година го протера американскиот амбасадор и агент за борба против криумчарење со наркотици, а неодамна го обвини Вашинготн дека поттикнува „парламентарни пучеви“, како што се импичментот на бразилската претседателка Дилма Русеф која е осомничена за корупција. 

Исто така, тој трди дека САД низ воени интервенции го поттикнува глобалниот тероризам, а како пример го наведува напредокот на ИСИС.