Македонија
12. December 2019 - 16:54

Болниците полни - вирусите и загадувањето ги нападнаа Децата

Со околу 100 прегледи дневно и повеќе од 80 зафатени болнички кревети, детската болница во Козле полна со пациенти. Загадувањето и температурните разлики причина за големиот број на деца со пневмонии и ларингити. Педијатрите од Козле велат дека проблем кај малата популација се и сезонските вируси, особено грипот и таквите пациенти ги изолираат во посебни соби.

-Хоспитализираме по едно или две деца во соба и тие се изолирани. Во просек со пневмонии треба 10 дена во болница и овој период тоа е вообичаена патологија за нашата установа, вели др. Ангелчо Андоновски директор на детската болница во Козле.

Во болницата во Козле засега немааат пациенти со тешки компликации, но апелираат до родителите навреме да ги носат децата на преглед а оние со хронични заболувања да бидат вакцинирани против грип.

-Вакцината е голема заштита, се вакциниравме и ние медицинскиот персонал, вели Андоновски.

Здравата исхрана, витамини, физичка активност и посетување на места каде воздухот е чист се препораките на педијатрите. И проветрувањето на просториите во загадените денови е добра превенција, особено во колективни објекти. Во градинката Орце Николов во Карпош, компанија им донираше филтри за прозорци кои спречуваат штетните честички да навлезат во просторијата каде се децата.

-Добро е што ни донираа бидејќи е за простории каде децата поминуваат најголем дел од денот. Треба овој пример да го следат и останатите, вели Надица Гировска, директор на градинка Орце Николов во Карпош.

Веќе еден месец, Скопје, Тењтово и Куманово се меѓу најзагадените градови во светот.