Македонија
27. October 2020 - 16:44

Болниците речиси полни, институциите прават реорганизација за кревет повеќе

Во Охрид се подготвува план за  реорганизација по други одделенија за сместување на болните од Ковид 19.Бројот за заболени изминативе денови е двојно зголемен вкупно 40 пациенти се згрижени во општата болница, инфективното одделение е полно а само уште два слободни кревети има на одделот за геријатрија кој уште за време на првиот бран беше пренаменет.

Кризниот штаб на општина Охрид на денешниот онлајн состанок ги повика компаниите , трговските, угостителските,и  сместувачките капацитети максимално да ги почитуваат препораките за превенција од корона вирусот и да преземат навремени мерки за изолирање на сомнителните случаи помеѓу вработените.

Матичните лекари на ниво на општината максимално да се вклучат во давање на препораки и соодветно третирање на пациентите по утврдените протоколи, како и во делот на давање на препораки за самоизолација.

- Сите граѓани кои се во изолација да имаат поголемо трпение и да ги почитуваат мерките за превенција со цел да го заштитат здравјето на останатите граѓани се вели во препораките на кризниот штаб на општина Охрид.

Инаку според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид се регистрирани 170 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19.