Македонија
9. January 2023 - 16:33

Борбата со корупцијата врвен приоритет за САД, вели амбасадорката Агелер - што ќе донесе Шоле?

Прво тимот за санкции на САД, а за два дена посета и на високиот преставник на Стејт департментот Шоле во Скопје, во двата случаи главна тема корупцијата. Американската амбасадорка Агелер порача дека Вашингтон е цврсто фокусиран на искоренување на овој проблем. Најави дека Шоле ќе продолжи по зацртаната агенда.

„Со Шоле ќе се дискутираат заедничките приоритети, а борба со корупцијата ќе остане примарна за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања при посетата оваа недела. 2023 ќе биде една многу букирана година“.

Министерот Османи потврди дека соработката со САД за борба против корупцијата е високо на агендата, очекува и листа на  санкции.

„Стратешки дијалог со САД е рамка за заедничка соработка и во него е и делот за борба со корупцијата. Тоа е договорена платформа и секоја нивна поддршка е добредојдена. На нив е да решат на каков начин ќе ја остварат таа поддршка. Досега беше финансиска или експертска поддршка,а еве сега има најава и преку листа со санкции“.

Во изминатиов период преку повеќе канали, Вашингтон најавува интензивна поддршка и санкции во борбата против корупцијата во земјите на Западен Балкан. Шоле, освен Македонија ќе ги посети и останатите држави во регионот. Посетата на американската делегацијата во која требаше да биде и специјалниот пратеник за Западен Балкан Ескобар требеша да се одржи пред Нова година, но во последен момент беше откажана поради ковид.