Македонија
17. March 2023 - 16:36

Борел и Вархеј во Скопје со порака: Обединување околу евроинтеграцискиот пат

Вратите на ЕУ се отворени за Македонија, но земјата мора да го спроведе тоа на што се обрза пред земјите членки.

Потпретседателот на Европската Комисија Жозеф Борел од Скопје со порака до македонските власти дека ова било најдобрата зделка која може да се направи, повторна шенса нема да имало. По состанокот на Советот за асоцијација и стабилизација Борел истакна дека реформите остануваат клучен сегмент на кој мора да се работи интензивно.

Еврокомесарот Вархеи со директна порака до македонските власти – потребно е национално единство за да се продолжи процесот на интеграција. Брисел е подготвен, сега македонија треба да не забави со реформите и уставните измени.

Премиерот Ковачевски пак ичекува опозицјата да ја прифати поканата за уество во подготвувањето на уставните измени, бидејќи според него, обврска на партиите е да носат одговорни одлуки. Оптимист е дека земјава ќе стане членка на ЕУ, но

Македонската влада оптимистички најавува дека како што сме се обрзале во преговарачката рамка, по завршувањето на скринингор , ќе се заврши и со уставните имени кои се услов за втората меѓувладина седница помеѓу Унијата и Македонија. Ова е за прв пат Советот за асоцијација и стабилизација наместо во Брисел, состанокот да го одржи надвор, односно во Скопје.