Loading Video...
Свет
23. July 2019 - 16:31

Борис Џонсон најави сигурен Брегзит до 31 октомври

Борис Џонсон е избран за нов лидер на конзервативната партија .Како нов шеф на владејачката конзервативната партија во Велика Британија, Борис Џонсон автоматски ја   добива и премиерската фунцкија. Освои  92 153 гласови од членовите на Кионзерваитвнтаа партија додека неговиот противкандидат Џереми  Хант 46  000.

На сите кои се сомневаа- Еј, ќе ја стимулираме земјата,ќе завршиме со Брегзит на 31 отоври , ќе ги искористиме сите можнсоти во духот  на "можеме".  Кампањата заврши и почнуваме со работа  порача Борис Џонсон.

Борис Џонсон  ќе ја замени Тереза Меј   која функцијата ја напушти откако не успеа да постигне договор во британскиот парламент за излезот на земјата од ЕУ.  Тој  е поддржувач на тврд Брегзит и многумина во Брисел стравуваат дека неговото стапување на функцијата  може да доведе до Брегзит без договор. Повеќето политички партии во ЕУ предупредуваат  дека  тоа не смее се дозволи.  Но ставот на новименуваниот премиер кој од утре ќе стапи на фунцкијата е јасен-  Брегзит ќе се случи со или без договор на 31 октовмри.  Шефот на европскиот преговарачки тим за Брегзит, Мишел Барние, изрази надеж за конструктивна соработка со Борис Џонсон а Доналд ТРамп на Твитер напиша дека  Џонсон ке биде одлучен премиер.  55 годишниот Џонсон кој е   поранешен  шеф на британската дипломатија   екс  градоначалник на Лондон важи  за еден од најпозантите и  најхаризматичните политичари во Вестминистер.