Loading Video...
Свет
6. April 2020 - 12:21

Борис Џонсон пренесен во болница, 1.300.000 лица во светот заразени од ковид-19

Со јаки симптоми на корона вирус британскиот премиер Борис Џонсон е пренесен во болница. Тој бил хоспитализиран со висока температура... а е позитивен 10 дена. Од неговиот кабинет смируваат дека се работи за мерка на претпазливост. Ќе му бидат извршени дополнителни тестирања. Од  владата велат и дека новонастанатата ситуација, не е пречка за  Џонсон да продолжи  да ја врши својата финкција. Единствено нема да раководи со следниот состанок на владата за пандемијата.

Во меѓувреме порака до нацијата упатија и британската кралица Елизабета Втора. Во своето петто до сега вонредно обраќање таа рече дека Обединетото кралство ќе успее да ја победи пандемијата.

Ова е огромен предизвик за нашата земја. Нашите животи се различни. За почеток, сакам да им се заблагодарам на сите во јавните услуги, а најмногу на сите лекари и на сите во здравствениот систем кои работат за сите нас. Секој час од нивната работа нè приближува до нашата крајна цел и Верувам дека сите ја споделувате мојата благодарност до нив

Во оваа земја има над 47 000 заразени лица, а околу 5000 ја загубуле битката со вирусот.  На светско ниво, се инфицирале, еден милион и триста илјади Од нив починале околу 70 000, а се излечиле над 267 000 лица. Главното жариште сега се САД.