Бизнис
16. January 2021 - 12:50

Борис Тунџев: Капиталните инвестиции во 2021 година за 20 отсто поголеми од лани

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев остануваат целосно посветени на развој и унапредување на инфраструктурата.

Потврда за тоа е и Буџетот за 2021 година, каде капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20 проценти повисоко во однос на минатата година.

Оваа година се градат и реконструираат патишта, улици, се поставуваат канализациски и водоводни системи, се градат социјални станови, се градат и реконструираат училишта и градинки низ целата држава.

Во моментов, 840 милиони евра се инвестираат во изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава. Се градат над 59 километри автопати, над 104 километри експресни патишта и 20 километри локални патишта.

За оваа година планирани се нови 25 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од 12,7 милиони евра. Истовремено, во тек се 30 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од околу 14 милиони евра.

Продолжува инвестирањето во обезбедување домови за најранливите категории граѓани. Aктивно се градат вкупно 574 станови во 7 општини, а оваа година планирана е изградба на уште 5 нови згради со вкупно 202 станови.

Со одлично темпо се реализира и процесот на гасификација. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен, како и кон Тетово и Гостивар.

Токму инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти се гарант за рестарт на македонската економија, но и гарант за поквалитетен живот за сите.

Како одговорна партија, преку инситуциите што ги предводиме, остануваме посветени на креирање и реализација на мерки и политики што се во интерес на граѓаните и на државата.

Градиме по план, инвестираме во проекти важни за државата.

 

Прес-конференција на Борис Тунџев, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ