Борисов: Бугарија си има свој Меси, а тоа сум јас
Еден ден пред ГЕРБ да го добие мандатот за формирање влада, во пратеничката група на партијата се слушнаа барања да се именува Бојко Борисов за премиер, иако неговото заминување е услов за многумина во земјата за да прават коалиција со нив.
„ Си имаме премиер, подобар од мене нема, колку и да звучи нескромно. Формирањето малцинска влада е најдоброто што може да се случи за стабилноста и разбирањето во моментов. Нашата политичка елита се уште не е созреана. па така, и Меси има 31 година, но кога ќе влезе на терен го дава првиот гол. Бугарија го има Меси во овој поглед, а тоа сум јас“, порача Борисов по ваквите барања.
Борисов треба да биде номиниран за премиер на ГЕРБ-СДС – најави и почесниот претседател на „Герговден“ Љубен Дилов, кој е дел од коалицијата ГЕРБ-СДС. Тој појасни дека тоа е негово мислење, а кого ќе предложи ГЕРБ-СДС зависи од останатите формации.
„За мене лично, тоа е премиерот на Бугарија, ако сакаме нешто да се промени. Што ќе одлучи ГЕРБ, сепак, не можам да ви кажам, зависи од ГЕРБ, бидејќи се поголема формација и тие одлучуваат“, истакна Дилов.
Пратеникот на ГЕРБ, Тома Биков го поддржа овој став: „Мое лично мислење е дека ако сакаме да го нормализираме политичкиот систем, мора да му пристапиме логично. Која е логиката? Кога зборуваме за првата политичка сила во земјата, обично лидерот на партијата станува премиер. Бојко Борисов, мислам дека треба да биде номиниран“, истакна тој.
Според него, ако се исклучат сите фикции и фиксации на кои се жртва Бугарите последниве години, партијата што добила најмногу гласови треба да го понуди својот лидер за премиер. „Тоа е нормална практика во сите демократски земји“, нагласи Биков.
Ново на Сител
-
Продолжува комисиската расправа за предлогот јавниот обвинител Јовески да биде уставен судија
-
Спасовски и Демерџиев порачаа чествувањето на Гоце Делчев да биде мирно и достоинствено
-
134 санкционирани возачи во Скопје - 13 без возачка
-
Втор ден конференција „Година на нови можности“
-
Франција и Италија купуваат 700 противвоздушни ракети од среден дострел
-
Русија и Белорусија почнаа воена вежба со обука на персонал за заедничката команда
-
Дваесет и осум загинати во нападите на исламистите во Буркина Фасо
-
Османи на работни средби во Брисел со Борел, Џоана и Лајчак