Фудбал
28. May 2017 - 9:30

Борусија Дортмунд сезоната ја заврши со трофеј

Фудбалерите на Борусија Дортмунд успешно ја завршија сезоната откако во финалето на германскиот куп го победија Ајнтрахт со пресврт со 2:1 и го освоија пехарот во ова натпреварување. Претходниот викенд со победа во последното коло од Бундес лигата „милионерите“ изборија и директно учество во Лигата на шампионите.
Борусија поведе во 8.минута со голот на Осман Дембеле, а Ајнтрахт изедначи во 29.минута со голот на Анте Ребиќ. Победничкиот гол за Борусија во 67.минута го постигна Пиер – Емерик Обамејанг.
За Борусија Дортмунд ова беше деветто финале во Купот на Германија, а по четврти пат е освојувач на пехарот.