Loading Video...
Кошарка
26. September 2020 - 13:34

Бостон ја намали предноста на Мајами на 2-3

 
 
 
Екипата на Бостон ја намали предноста на Мајами на 2-3 во победи во финалната серија на Источната конференција во НБА плејофот. 
 
Селтикси до победата со 121-108 стигнаа благодарение на одличната игра во третата четвртина што ја добија со 16 поени разлика. 
 
 Тејтјум до дабл-дабл учинок со 31 поени и 10 скокови, заедно со Браун кој на 28-те поени придодаде и 8 скока беа најзаслужни за оваа победа на Бостон. 
 
Во поразениот тим прв стрелец беше Словенецот, Драгиќ со 23 поени, три а помалку постигна Робинсон. 
 
Следниот шести меч во серијата подобар до четири победи овие два тима ќе го играа во понеделник наутро во 1 часот и 30 минути.
 
Ноќеска во 3 часот по полноќ, својот петти дуел, од финалето на западот, ќе го одиграат ЛА Лејкерс и Денвер, меч во кој Лејкерси ќе влезат со предност од 3-1 во победи, а со евентуален нов триумф ќе обезбедат пласман во големото финале.