Свет
7. January 2019 - 18:20

Божикно чудо: Малечкиот Вања се разбуди од кома - Бебето што 35 часа беше затрупано под урнатините на -17 ги отвори очите и проговори

Малечкиот Иван Фокин, десетмесечното бебе кое во урнатините на зградата во Магнитогорск беше затрупано 35 часа на температура под нулата, се разбуди од кома!

Малечкиот сега е многу подобро, со видно олеснување изјави руската министерка за здравство Вероника Скворцова.

Вања ги отвори очињата и прозборе, што значи дека нема компликации по симнувањето од вештачките бели дробови во саботата, рече Скворцова.

„Мајката се уште му е под стрес, стравот и загриженоста полека се смируваат. Многу и е подобро кога гледа дека детето брзо и напредува, таа многу се радува“, бели министерката.

Малечкиот Вања ја преживеа експлозијата во станбената зграда во Магнитогорск на последниот ден од 2018 година. Беше 35 часа затрупан под урнатините, на -17 степени додека спасителите не дојдоа до него.

Во експлозијата загинаа 37 лица, а повеќе од стотина беа повредени.