Свет
22. April 2020 - 21:05

Британците кои ќе ја примаат вакцината ќе добијат паричен надоместок

„Империал Колеџ“ , базиран во Лондон и најголемиот во Англија, од утре почнува со тестирање на вaкцина против коронавирусот на луѓе во Велика Британија. Тестирањето ќе се спроведува во четири  ширум земјата – во Бристол, Долината на Темза, Саутхемптон и Лондон.

Здравите доброволци кои се пријавиле за тестирање ќе добијат меѓу 190 и 625 фунти (од околу 216 до 712 евра) за својот допринос, време и патни трошоци. Нивото на исплата ќе зависи од подрачје до подрачје, во зависност од тоа каде лицето живее.

„Целта на овие студии е да се тестира нова вaкцина против коронавирус на здрави поединци за да дознаеме дали можат да бидат заштитени од болecта со новата вaкцина. Освен тоа, ќе добиеме и важни информации околу безбедноста на вaкцината и дали таа може да поттикне добар имунитетен одговор на коронавирусот“, велат од Кралскиот колеџ во Лондон.

За тестирањето се пријавени вкупно 1.112 доброволци. 561 ќе ја добиваат новата вaкцина против коронавирусот, а остатокот ќе добијат контролна (читај: плацебо) вaкцинa. Доброволците на секои 4 до 12 дена ќе се јавуваат на клиниката каде се тестирани за да ги пријават евентуалните споредни ефекти и cимптоми по добивањето на вaкцината.