Британија останува со воената мисија во Авганистан и во 2016 година
Велика Британија ќе го продолжи за една година своето воено присуство во Авганистан поради потешкотиите за авганистанските вооружени сили, изјави министерот за одбрана Мајкл Фалон.
Тој наведува дека авганистанските сили за одбрана и безбедност во изминатата година имаат напредок во извршувањето на професионалните задачи.
– Британската Влада признава дека е потребно време за да може авганистанската армија да се претвори во целосно воено-способна сила и да ја гарантира безбедноста на луѓето во Авганистан, се вели во писмено обраќање на Фалон до парламентот.
– Имаме став дека треба да ја поддржиме сегашната британска воена мисија во Авганистан и во 2016 година за да помогнеме во изградбата на стабилност и безбедност. Бројноста и улогата на британската воена мисија остануваат непроменети, пишува Фалон во обраќањето.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори