Британија се подготвува за евентуална епидемија од новиот коронавирус
На британските болници им е наредено да преземат нови мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус, бидејќи експертите предупредуваат дека постои „реална можност” да заболат до 50 отсто од Британците, објави Тајмс.
Здравствените власти планираат да користат 24 болници за лекување на пациенти во случај на зголемен број случаи на заразени со тој вирус. Тие исто така можат да ги прошират услугите на итниот телефонски број за да се справат со зголемен број повици.
Детали за планирањето на вонредни ситуации се појавија откако синоќа од СЗО повикаа владите да ги зголемат напорите и да ја засилат својата подготвеност. Владата во Лондон, според весникот, работи врз анализи дека до половина од населението – или 33 ммилиони луѓе – може да бидат погодени со вирусот Ковид-19.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација