Loading Video...
Свет
27. January 2021 - 20:11

Британија стана прва земја во Европа која надминала 100.000 смртни случаи од корона

Велика Британија стана првата европската земја со над 100 000 починати од корона.  Нема учебник за справување со вирусот изјави премиерот Борис Џонсон. Вели дека Владата направила се што може да се направи а ефектот од вакцините ќе се види следните месеци. Нема официјална потврда дали  високата бројка на починати се должи на  новата мутација на Ковид-19, што првпат беше идентификувана во декември во Англија.

Европската агенција за лекови во петок најверојатно ќе даде зелено светло за употреба на антиковид вакцината на Астра Зенека во ЕУ.  Блокот се надеваше  дека штом вакцината биде одобрена, Астра Знеека веднаш ќе почне со испораката и до март да добие 80 милиони дози. Но Производителот на вакцини најави помала количина дози од договореното, потегот кој ја налути ЕУ.  На темава Претставници од двете страни ќе одржат состанок.

Првите луѓе на Русија и САД  се согласија договорот Нов Старт да биде продолжен за уште 5 години. Договорот со кој се ограничува нуклеарниот арсенал на Русија и на САД истекува на почетокот на февруари. Американскиот претседател во првиот телефонски разговор со својот руски колега зборувал и за Украина и за случајот Алексеј Навални. Кремљ и Белата куќа обајвија дека Путин и Бајден не разговарале за средба во живо.