Свет
22. January 2017 - 10:12

Британската премиерка прва пристигнува на средба со Трамп

Новиот портпарол на Белата куќа Шон Спајсер објави дека претседателот на САД Доналд Трамп следната недела ќе биде домаќин на средба со британската премиерка Тереза Меј.

Тоа ќе биде негова прва средба со странски лидер во Белата куќа.

Состанокот на Трамп со Меј ќе биде одржан в петок на 27 јануари. На 31 јануари американскиот претседател ќе има средба со мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието со кого ќе разговара за трговијата, имиграцијата и безбедноста, јавуваат американски медиуми.