Живот
13. January 2020 - 22:23

Британските принцови Вилијам и Хари тврдат: Не сме скарани

Британските принцови Вилијам и Хари, пред почетокот на кризниот состанок со кралицата Елизабета и со нивниот татко принцот Чарлс, објавија заедничко соопштение со кое демантираат дел од наводите на таблоидите.

- И покрај јасниот демант, лажна е информацијата која денеска се објави во повеќе медиуми и во која се шпекулира за односот меѓу војводата од Кембриџ и војводата од Сасекс. За браќата, кои длабоко се залагаат за менталното здравје, употребата на ваква опасна реторика е навредлива и потенцијално штетна“, се наведува во заедничкото соопштение.