-->
-->
Бритни Спирс сака уште деца, но не и сопруг
-->
Британската пејачка Бритни Спирс изјави дека сака да има уште три деца, но не и да се омажи.
Ова Бритни Спирс го изјави во шоуто „Carpool Karaoke“ на британскиот водител и комичар Џејмс Кордон.
Во моментов британската пејачка има две деца, но појасни дека повеќе нема да се венчава, бидејќи веќе не верува во брак.
Бритни Спирс се прослави во далечната 1999 година, кога имаше 17 години, по излегувањето на нејзиниот албум „Baby One More Time“.
Нејзиниот прв брак беше со пријателот од детството Џејсон Александар, но брачната заедница им траеше само 55 дена. Вториот нејзин брак беше со танчерот и рапер Кевин Федирлајн, со кого роди двете деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица