Брнабиќ: Незгодно е да отидам во Црна Гора, земјата од кај ни протераа амбасадор
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека е „незгодно да се посети земја од која е протеран амбасадорот на вашата земја и во која е прогласен за „персона нон грата“.
Брнабиќ со ова одговори на прашањето на новинарите дали ќе ја посети Црна Гора и му се заблагодари на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за поканата да ја посети таа земја.
-Се надеваме дека ова прашање (на амбасадорот Владимир Божовиќ) може да се реши, а во кој било друг сегмент на дијалог и соработка, Владата на Србија и државниот врв покажаа колку ни значи соработката со Црна Гора во овој момент, изјави Брнабиќ.
Таа посочи дека на експлицитното барање на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, таа не возвратила со реципрочни мерки на Црна Гора и дека го задржала црногорскиот амбасадор во Белград.
-Тоа е гест на подадена рака и сè уште очекуваме Црна Гора соодветно да одговори на тој гест. Ние ја имаме предвид нивната покана и им се заблагодаруваме, истакна Брнабиќ.
Претседателот на Србија, вчера за ТВ Прва изјави дека Брнабиќ не може да оди во Црна Гора, бидејќи, како што изјави, нема кој да ја пречека.
На оваа констатација на Вучиќ, денеска одговори црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ.
-Во Црна Гора има кој да ја пречека српската премиерка Ана Брнабиќ, но прашањето е дали таа ќе најде време да дојде, изјави Кривокапиќ и порача дека владата нема да се откаже од обидите за нормализирање на односите со Србија.
Ново на Сител
-
Студија: Лековите против холесторол ја намалуваат смртноста од Ковид-19
-
Ѓорчев: 3.200 луѓе во Македонија починаа од Ковид-19
-
Во Албанија загрижувачки раст на младите меѓу новозаразените со Ковид-19
-
Тадиќ: Конференцијата на Вучиќ е кулминација на бизарноста и политичката патологија
-
Бензините поскапи за половина денар
-
ОЈО активно постапува за утврдување кривична одговорност за групите „Јавна соба“
-
ОЈО поднесе обвинение против шест лица за употреба на фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест
-
Во болница донесен повреден 74 годишник, ја посочил снаата како сторител