Македонија
14. September 2021 - 21:17

Бројката заболени и изолирани ученици и наставници расте - дали се потребни брзи тестови и онлајн настава?

500 ковид случаи за 2 недели, а само вчера 50 ученици позитивни на вирусот. Министерката за образование Царовска не располага со конкретни бројки колку ученици и наставници се во изолација, но тврди дека во училиштата нема трансмисија на вирусот.

Тетово и Гостивар, ќе учат онлајн до 20 септемрви, пораид влошување на ковид состојбата.
За докторите неопходна е анализа дали е безбедно во пресрет на зимските денови да се продолжи со настава со физичко присуство.

Со растот на ковид позитивните во школите од Меѓаши, како и Народниот правобранител, сметаат дека институциите насоодветно ја организираат наставата. Повеќечасовно седење со маска, недоволна хигиена во училишните тоалети, немање растојание помеѓу учениците, неможност да се контролира нивното однесување надвор од училниците се само дел од нивните забелешки.

Од Меѓаши предлагаат скратени часови и настава на отворено, со цел да се намали ризикот од ширење на вирусот, но и да се избегнат други здравствени проблеми од долгото носење маски, како за децата, така и за наставниците.

Предлогот на Меѓаши да се воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата за да се спречи неконтролираното ширење на вирусот, претставува добра идеја и според докторите.

Инаку МОН има на располагање уште два модела за одрѓување на наставата, комбинирана и онлајн настава.