Македонија
1. May 2018 - 16:55

Бројни туристи во Охрид

Охрид полн со туристи за 1 мај .Хотелските капацитети се исполнети а место повеќе се бара и во приватното сместување.Бројните гости од нашето соседство ,европските држави па дури и од Далечниот исток празнично уживаат во сончевото време и прошетките покрај кејот на Охридското езеро плажите и некои од излетничките места . Градот под Самоиловата тврдина деновиве наликува на прав туристички центар како во екот на сезоната.

Прошетките со брод по езерото се вистинска атракција за туристите .Најбарани се пловењата  до Свети Наум но и кружните тури од еден час до Заливот на коските и стариот дел на градот.

Туристичките работници се повеќе од задоволни тие велат дека Охрид и оваа година е посакувана дестинација.

Инаку туристичките агенции уште од почетокот на годинава нудат примамливи пакет аранжмани за привлекување на гости.

Со оглед на тоа дека првомајските празници се репер за успешна сезона,туристичките работници очекуваат плодно лето и гости од целиот свет.