Бројот на починати оваа недела е предмет на анализа - Филипче најави дека е можно да се донесат дополнителни мерки
Изминатава недела над 30 починати меѓу кои и млади лица на околу 30 години. Според министерот за здравство Венко Филипче ова не се должи на нивна грешка туку на сериозноста на вирусот. Филипче изрази загриженост за големата смртност и најави анализа зошто е бројот зголемен. Според него, предтходно во државата имало тренд на намалување на починати на околу 6ипол проценти а во последните три дена процентот изнесува 8.
- Никаде не грешиме. Ние од почетокот укажуваме на сериозноста и кажавме дека се работи за тешка болест. За сите овие пациенти даваме се од себе во процесот на лекување. Секако не сакаме да дозволиме да имаме преполни болници. Правиме анализа и ќе кажеме на што се должи оваа бројка. Откако ќе ги добиеме резултатите од анализата следната недела ќе кажеме дали треба да се преземе нешто дополнително. Речиси секаде каде има пораст на новозаразени, докажано е дека не се почитуваат мерките за превенција од вирусот, изјави Филипче.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите