Бројот на позитивни случаи на коронавирус во Словенија и натаму рапидно се зголемува
Во Словенија се потврдени 1.690 нови позитивни случаи на коронавирус од направени 6.580 тестови во последните 24 часа, а 31 лице почина како резултат на Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна повеќе од илјада, соопшти денеска словенечката влада.
Уделот на позитивни тестови е 25,68 проценти, што е помалку од претходниот ден, иако беа откриени повеќе инфекции поради опсегот на тестирање.
Вкупниот број на позитивни случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 64.270, а бројот на починати на 1.026.
Во моментот во болниците има 1.219 пациенти со Ковид-19, што е за 21 пациент повеќе од претходниот ден, а во единиците за интензивна нега има уште 197 пациенти во тешка здравствена состојба.
Поради големиот број заразени меѓу медицинскиот персонал, систематското и задолжително тестирање на коронавирус ќе започне во здравствените установи од почетокот на следната недела. Здравствените работници ќе бидат тестирани најмалку еднаш неделно, а владата нареди подготовки за слични тестови во домови за стари и изнемоштени лица.
Ново на Сител
-
Бектеши: Кон крајот на мај можно е да се отворат рестораните за свадби
-
Костадиновска-Стојчевска: Ќе возвратам со кривични пријави за ВМРО-ДПМНЕ и Левица
-
Груевски: Невозможно е да ми се замрзне имот кој го немам
-
Џипот што го вози Рашковски е на име на еден од „тајните хонорарци“ во Владата
-
Новиот директор на Природно-научниот музеј Ферат Мемети јавно му се заблагодари на Касами за функцијата
-
Црн пантер и ротвајлер живеат заедно и се сѐ попопуларни на интернет
-
Комисијата за заразни болести препорача продолжување на рестриктивните мерки до 27 април
-
Туристичко-угостителскиот сектор на протест