Бројот на загинати при уривањето товарен авион во Кентаки се зголеми на 12 лица

Бројот на загинати при уривањето на товарен авион на компанијата „UPS“ во американската сојузна држава Кентаки се искачи на 12 лица, соопшти градоначалникот на Луисвил, Крег Гринберг.
-Сега можам да потврдам дека има 12 жртви, изјави Гринберг за локалната телевизија WHAS, додавајќи дека троца од нив биле членови на екипажот на авионот.
-Со оглед на тоа што видовме, не би ме изненадило ако бројката на жртви уште се зголеми, рече градоначалникот, само еден час откако гувернерот на Кентаки, Анди Бешир, соопшти дека спасувачките тимови преминуваат од „фаза на спасување“ во „фаза на опоравување“.
-Ништо слично не сум видел досега, изјави Гринберг. – Половина милја долга област исполнета со изгорен и искривен метал, уште тлеат жаришта и чад, мирисот… апсолутно разорувачки, појасни тој.
Бешир претходно изјави дека се очекува бројот на жртви да достигне 12 и дека меѓу нив најверојатно има и едно дете.
Повеќе од десет лица се повредени, некои од нив тешко, со изгореници, вдишан чад и повреди од шрапнели.
Според Федералната управа за воздухопловство (FAA), авионот McDonnell Douglas MD-11 полетал од аеродромот „Мухамед Али“ во Луисвил во вторник околу 17:15 часот (22:15 GMT) кон Хонолулу, на Хаваи.
Само неколку моменти подоцна, според видеоснимки од местото, авионот се урна и експлодира во огромна огнена топка. Полицијата соопшти дека се урнал околу пет километри јужно од аеродромот.
Причините за несреќата ги истражува Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB).
Членот на одборот, Тод Инман, изјави дека безбедносните камери на аеродромот покажуваат „како левиот мотор се одвојува од крилото за време на полетувањето“.
Од авионот се пронајдени двата уреди за снимање – говорниот рекордер и летачкиот податочен рекордер, познати како „црни кутии“.
FAA соопшти дека авионот бил целосно наполнет со гориво за лет долг речиси 7.000 километри од Луисвил до Хонолулу. Според властите, местото на падот се наоѓа во близина на фабрика за рециклирање и делови за автомобили.
МИА
Ново на Сител
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
-

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско
-

26-годишен гостиварчанец со „јагуар“ удрил пешак и тешко го повредил
-

Мицкоски: Македонија влегува во деценија на зрелост, наша мисија е да покажеме дека државата ќе успее
