Спорт плус
19. October 2015 - 13:46

Бронзен медал за Стефановска

Наташа Стефановска со бронзен медал се врати од Салзбург, каде викендов се одржа турнир од престижната „1 Светска Премиер Карате Лига“.
 
Стефановска, која е членка на КК Макпетрол, забележа победи над Ксенија Малиута од Русија, Хилал Ер од Турција и Ноеми Корнефелд од Швајцарија, за потоа да загуби во четвртфиналето од Луси Игнас од Франција.
 
Во првата борба во репасажот таа беше подобра од Ешли Скот од Англија, а потоа во решавачката борба за бронзениот медал ја победи Ема Аронен од Финска.
 
Инаку на турнирот во Салзбург настапија 764 спортисти од 64 држави, а Македонија ја преставуваа 30 каратисти.