Живот
27. December 2018 - 23:15

Брутална пресметка пред ноќен клуб: Тинејџер со автомобил влета во полицајците, тие го застрелаа

Полицијата од Лејкланд, на Флорида, морала да излезе на терен зошто во една улица по затворањето на ноќниот клуб останале стотина луѓе.

Имало голема гужва, а неколку автомобили биле паркирани во близина.

Додека полиција им говорела на луѓето да се разијдат, забележале едно „камаро“ и утврдиле дека е украдено.

Кога се приближиле до возилото, возачот нагазил на гасот и се обидел да го прегази полицаецот кој скокнал меѓу два автомобили за да се спаси.

Возачот продолжил со нападите со возилото, па патем удрил во неколку автомобили. Полицајците отвориле оган и го погодиле возачот. И утврдило дека има само 17 години, а во прашање е Мајкл Џером Тејлор кој бил на условна слобода, а и бил познат на полицијата по кражби, брзо возење и други кривични дела. Како што се наведува, целиот инцидент траел 42 секунди.

Тејлор починал во болница од здобиените повреди, а истрагата утврдила дека во „камерот“ имал и оружје.