Македонија
9. October 2019 - 16:37

Бугарија поддржува отворање преговори, но наведе бројни услови за да не става вето во преговарачкиот процес

Македонија да прифати дека нема македонско малцинство во Бугарија, да го промени учебниот материјал по географија и историја и да се реши прашањето за Гоце Делчев и останатите револуционери од илинденскиот период во најкраток рок.

Ова се дел од условите кои ги испорача официјална Софија, под кои ќе ја поддржи евроинтеграцијата на Македонија.

“Исто така, треба да почне процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунистички режим, репресирани поради бугарското самосознание. Треба да ги отстрани и натписите на споменици, плакети и на згради, кои шират отворена омраза кон Бугарија”

Влез во Европската Унија за Македонија ќе нема, доколку не се решат разрешат историските прашања за кои нема компромис меѓу двете земји. Во тој контекст, се бара признавање на работата на мешовитата историска комисија.

“Според нас, таа означува – не обид да се направи некаков компромис меѓу историските факти и вистина и измислиците кои тие си ги прифатиле во последните 50-60 години. Тие тоа го разбираат вака – од една страна се историските факти, а од друга политичките факти или измислени аргументи. И нешто на средина да се најде. Не. Историјата не може да биде компромис”

Бугарскиот претседател очекува владата да цврсто да се држи до изградената позиција, бидејќи таа претставува национален интерес.

“Затоа и настојував да се формулира ваква позиција и таа да биде внесена во Советот на ЕУ и така да претставува јасен услов за нашата поддршка, за секое отворено поглавје. Ова ќе даде одржливост на самиот процес и ќе го заштити нашиот национален интерес”

Бугарија позитивно се изјасни и за старт на преговорите на ЕУ со Албанија, бидејќи смета оти раздвојувањето на Скопје и на Тирана, како што предлага Германија, би било грешка и може да доведе до нестабилност во регионот.