Бугарка ја продала ќерка си на друга жена за 100 евра, која потоа ја принудила на проституција
54-годишна жена, која во Бугарија на друга жена за 100 евра ѝ ја купила ќерката, одговара пред судот во Германија, откако била обвинета дека во 2006-та година тогаш 15-годишна тинејџерка довела во Дортмунд и ја принудувала на проституција.
Само плачев, изјавила жртвата, која денес има 29 години, на почетокот на судењето во Дортмунд.
Во обвинението е наведено дека обвинетата, исто така Бугарка, ја упатила жртвата во сексуална пракса, за потоа да ја принудува на проституција во јавна куќа во Дортмунд, ветувајќи и награди.
Веднаш првата вечер тинејџерката имала осум клиенти, а според сопствените зборови, не знаела што ја чека во Германија.
Не знаев што ќе правам во Германија. Отидов бидејќи мајка ми така ми кажа, изјавила таа пред судот.
Се што заработувала морала да ѝ даде на својата подведувачка, а кога еднаш сокрила 80 евра во градникот, добила ќотек. Не се осудувала да побегне, бидејќи била премногу исплашена.
Сопругот на Бугарката претходно бил осуден на пет години и осум месеци затвор поради трговија со луѓе со цел сексуално искористување, а неговата сопруга била подоцна уапсена.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите