Македонија
23. November 2022 - 21:15

Бугарскиот КИЦ се сели во центарот на Скопје - дали приватните клубови се ставаат во втор план?

Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, се сели во центарот на градот. Дислоцирањето на видливо место ќе се случи во петок, а според најавата, центарот во иднина ќе работи на адресата, Никола Вапцаров шест, на улицата која води од плоштадот кон министерството за правда. Во официјалната покана, се вели дека повикани се да учествуаат преставници на бугарската влада и собранието, а како што информираат од Културно-информативниот центар, покана е испратена и за претставници на власта од земјава. Од македонската влада не откриваат кој добил покана, само кратко пишуваат: претставници на владата имаат добиено покана и ќе присуствуваат на настанот организиран од Култруно-информатицниот центар на Бугарија.

Од Центарот пак, за Сител велат дека министерката за култура веќе потврдила дека ќе биде присутна. Свое присуствно најавил и нејзиниот бугарски колега.

„Можеме да Ви потврдиме дека на настанот за свеченото отворање на новите простории, како и отворањето на изложбата „Заедно II“, присуството го потврди министерот за култура на Република Бугарија, г-дин Велислав Минеков, како и неговиот хомолог, министерката за култура на Република Северна Македонија, г-ѓа Бисера Костадиновска Стојчевска“.

Според поранешниот амбасадор на земјава во Бугарија, Марјан Ѓорчев, културата е најважносто средство за комуникација меѓу два народи. Не очекува да предизвика револт, бидејќи како што вели, и во Софија постои Македонски културен центар и двата се основани со спогодба меѓу Македонија и Бугарија.

Дислоцирањето на државниот културно-информативен центар на Бугарија доаѓа по напливот на разни приватни здруженија на Бугарите во земјава со провокативни имиња. Дали со поголемата видливост на КИЦ на Бугарија официјална Софија сака да ги стави во втор план засега не е познато. Новата локација се промовира само неколку дена по демолирањето на бугарскиот клуб во Охрид и донесувањето закон за основање граѓански здруженија кој во иднина треба да спречи отворање клубови со спорни историски личности, па дозвола за клубот Фердинанд Трети не е издадена.

Во меѓувреме, од владата не откриваат до каде е постапката за отворање Македонски Културен центар и во Благоевград. Велат процесот се одвива според вообичаени меѓународни стандарди за отворање такви центри во странство.