Loading Video...
Балкан
10. September 2020 - 21:18

Бугарскиот однос кон Македонија во ЕУ - покажување сила или сериозна пречка за почеток на преговори?

Реториката од Софија се засилува, притисокот расте и тоа токму во клучниот момент кога на маса во Брисел се усогласува преговарачката рамка. Директните закани на министерот за одбрана Каракачанов дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите доколку Комисијата за историски и образовни прашања не почне да дава резултати, се добар показател дека Софија не мирува ни во Советот на ЕУ. Од МНР смируваат дека нашиот источен сосед отсекогаш ги подржувал македонските евроинтеграции, со мапомена дека македонските власти очекуваат тоа да продолжи и во иднина. Во соопштението се посочува дека:

За сите евентуални разлики по одредени прашања, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка е токму рамката за решавање на долготрајните билатерални разлики во толкувањето на историските прашања кои ги оптоваруваат односите меѓу Северна Македонија и Бугарија децении наназад. На неговата имплементација, која е двострана обврска за двете држави,остануваме и натаму целосно посветени во добра волја.

За разлика од ваквиот на министерството, експерите предупредуваат дека Бугарија во раце ги има инструментите за блокада и условување и дека најверојатно ке го искористи тоа. За Иван Стефанонвски од Евротинк се работи за реална закана.

Симптоматично е што во исто време грчкиот министер за надворешни работи Дендиас во радијско интервју порача дека преку европскиот тек Атина ќе се обиде да ги убеди граѓаните на другата страна вистински да прифатат дека тие се граѓани на Северна Македонија. Случајност или не? Стефановски не ја исклучува можноста на дебатата во Брисел за преговарачката рамка Бугарија да добие свој сојузник и поддржувач во локот на Грција.

Утре земјите на ЕУ продолжуваат со дискусиите на техничко ниво за усогласување на предлог рамката и методологијата. Проекциите се дека за два месеци ќе се постигне компромис што ќе го отвори патот за првата меѓувладина конференција.