Loading Video...
Свет
3. January 2023 - 16:33

Бугарскиот престедател Радев го врачи вториот мандат за формирање Влада

-Бугарскиот престедател Радев го врачи вториот мандат за формирање Влада на академик Николај Денков од Продолжуваме со промените, партија на поранешниот премиер Кирил Петков.  Денков  во моментов ја има поддршката и од Демократска Бугарија, Социјалистичката партија Бугарски подем. 

Ова е втор обид  за нова Влада во Бугарија откако тоа не и успеа на коалицијата ГЕРБ-СДС.  Државата има три обиди да формира влада, доколку и тие не успеат, претседателот Радев треба да закаже предвремени избори во рок од два месеца. .

-Се зголемува бројот на заболени од Ковид во Кина. Снимките од болниците во Шангај покажуваат дека ситуацијата е алармантна, а СЗО побара од кинеските власти да ги достават вистинските бројки на новозаболени. САД , Франција, а сега и Белгија воведоа рестрикции за влез на кинески државјани во нивните земји, што наиде на револт во Пекинг.

-Бугарската државна компанија Булгаргас потпиша договор со турската државна енергетска компанија Боташ за пристап до  терминалите за течен гас  во следните 13 години.   Со овој договор се предвидува  годишен трансфер на 1,5 милијарди метри кубни гас секоја година . Софија договорот го оцени како историски момент во соработката мегу двете земји на полето на енергетиката.

-Растечките  цени на струјата силно ги погодија  француските произведувачи на печива. Владата најави план  за да им се помогне на пекарите да се справат со високите сметки поради кои се зголемува и цената на нивните прозиводи.  Министерот за финансии ги критикуваше  електрокомпаниите за нивниот однос кон малите бизниси.

Владата дека ке има намалување на даноците за пекарите а ке се се бара и одложено плакање на сметките.