Бугарското МНР не е информирано за француската иницијатива
Бугарското Министерство за надворешни работи вели дека не се информирани за француската иницијатива, што првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ја спомена денеска, информира бугарската агенција БГНЕС.
-Во дипломатските кругови нема таков предлог, соопшти Брисел, пишува БГНЕС.
Претходно, Груби изјави дека постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија и оти се поднесени одговорите кон сите прашања што ги има испратено Бугарија. Тој додаде дека чекаат новите бугарски власти, претседателот Радев и новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин, со цел да се постигне зделка што ќе ја отвори вратата на Македонија кон Европската Унија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот