Бугарското Собрание повика на политичко решение на кризата во Македонија
Народното собрание на Бугарија изрази длабока загриженост поради развојот на кризата во Македонија.
„Упадот во зградата на македонскиот Парламент и физичкиот напад врз пратениците заслужуваат остро осудување“, се наведува во декларацијата која ја усвои 44. бугарско Народно собрание, пренесува БТА.
Докуметот денеска беше гласан на пленарна седница и поддржан едногласно од сите парламентарни групи.
Според бугарскиот Парламент, агресијата кон народните претставници е недозволива, како и врз институцијата парламент и демократијата. Насилството не може да биде средство за решавање на политички спорови.
„Се надеваме дека претседателот на Македонија и водечките политички сили ќе преземат дејствија за смирувањето на тензиите и враќање во полето на политиката. Веруваме, дека решавањето на кризата е можно само врз основа на почитување на Уставот и законите на земјата. Апелираме на мудрост и воздржаност од сите провокации, што би можеле да ескалираат во меѓуетнички конфликт. Тоа би довело до тешки последици за Македонија и ќе се одрзи на стабилноста и перспективите за економски и социјален развој во регионот“, стои во декларацијата.
Бугарскиот Парламент изрази поддршка за државното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија.
Во рамките на претстојното преседавање со Советот на Европската унија, Бугарија ќе работи на забрзување на процесот за пристапување на земјите од Западен Балкан во Унијата со цел гарантирање на мирот и развојот во цела Јужна Европа, се наведува во декларацијата на бугарското Собрание.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи