Фудбал
14. May 2016 - 21:17

Бундес лига: Баерн со титулата, Штутгарт испадна

Во Бундеслигата попладнево се одиграа натпреварите од последното 34.коло по кои решени се сите дилеми околу екипите кои следната сезона ќе настапат во евро-куповите, како и они кои се однесуваат на опстанок во најквалитетното германско фудбалско првенство.
 
Баерн Минхен од поодамна ја имаше обезбедено титулата, а со него директно во Лигата на шампионите одат Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен, додека Борусија Менхенгладбах ќе играат во квалификациите за елитното натпреварување.
 
Во Лига Европа ќе играат Шалке и Мајнц.
Лигата ја напуштаат Штутгарт и Хановер, а Ајнтрахт Франкфурт ќе игра бараж за опстанок.
Резултати: 
Баерн Минхен – Хановер 3:1,
Борусија Дортмунд – Келн 2:2,
Баер Леверкузен – Инглштад 3:2,
Волфсбург – Штутгарт 3:1,
аугсбург – Хамбургер 1:3,
Вардер – Ајнтрахт 1:0,
Хофенхајм – Шалке 1:4,
Мајнц – Херта 0:0 и 
Дармштад – Борусија Менхенгладбах 0:2.
Табела: Баерн 88 бодови, Борусија Д. 78, Баер Л. 60, Борусија М. 55, Шалке 52, Мајнц 50, Херта 50,.....,Ајнтрахт 36, Штутгарт 33 и Хановер 25.