Македонија
21. September 2020 - 20:12

Буxова за Сител: Украдениот пациент ги имал сите симптоми за корона, ќе се прави пост мортем тест

Во вечерашното гостување во Тема на денот директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова потврди дека пациентот кој беше украден од струмичката болница бил високо суспектен и ги имал сите симптоми на коронавирус. Таа најави дека ќе се прави пост мортем тест. 

„Ова би го дефинирала како културолошка неукост и голем срам. Тоа што утринава се случи во Струмица е за осуда. Пациентот утринава донесен е во Ковид амбулантата на Инфективното одделение во градската општа болница Струмица во придружба на две лица. При првичниот преглед константирано е дека се работи за гојазност, висок притисок, висока гликемија и од првите добиени анализи измерена сатурација 50% , што значи висока суспекција за инфекција со Ковид, но бидејќи ситуацијата налагала ургентна дијагностичка и терапевтска постапка екипата пристапила кон истата и немало време за бриз кој би ја докажал оваа дијагноза“ - рече Сотирова Бухова за Сител.