Loading Video...
Кошарка
22. April 2019 - 16:39

Ц. Звезда и Будуќност вечерва решаваат кој ќе биде првак во АБА лигата

 
Екипите на Црвена Звезда и Будуќност вечерва го играат решавачкиот меч од финалето во АБА лигата. 
 
Откако црвено-белите ги добија првите две средби пред домашната публика, а црногорскиот тим возврати со победите во Подгорица, вечерва овие две екипи ќе решаваат кој ќе го освои шампионскиот трофеј во АБА лигата. 
 
Освен титулата, влогот е и дополнително поголем имајќи в предвид дека АБА првакот ќе обезбеди пласман за следната сезона во елитната Евролига. 
 
Изминатите четири средби минаа во многу тензии, како на теренот така и на трибините, па се очекува и вечерашната да биде во ист стил. 
 
Дуелот, Црвена Звезда – Будуќност ќе започне од 19 часот.