Бизнис
23. July 2019 - 8:24

Царовска ќе разговара со директорите за зголемување на платите на вработените во градинките

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе се сретне со директорите и вработени во детските градинки.

На средбата, информираат од МТСП, ќе се разговара за зголемувањето на платите на вработените во градинките.