Македонија
1. September 2019 - 15:16

Царовска: На нашите сограѓани од пониските социјални слоеви и ранливите групи прв пат по многу години им обезбедуваме достоинствен живот

Владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека навистина води грижа за сите граѓани на Република Северна Македонија, посебно за најранливите. Покажа дека зборот важи.

Денеска сум тука да направам пресек на проектите и реформите кои ги спроведува министертсвото со коешто раководам, а од кои директно корист имаат 300.000 граѓани. Ќе зборувам исклучиво за мерки и реформи со кои директно ги враќаме парите од буџетот кај граѓаните, ја намалуваме нееднаквоста и ги помагаме оние на кој им е најмногу потребна финансиска помош.

На нашите сограѓани од пониските социјални слоеви и ранливите групи за прв пат после многу години им обезбедуваме достоинствен живот.

Навистина ми е драго што со посветена работа Министерството за труд и социјална политика успешно ја имплементираше социјалната реформа.

Ова беше едно од нашите главни ветувања и среќна сум што веќе го исполнивме.Резлутаотот од реформата е многуи значаен – 30.000 домаќинства или околу 120.000 грараѓани веќе три месеци земаат социјална помош повисока во просек за 300%. Ако претходно за основните социјални трансфери се издвојуваа околу 100 милиони денари месечно , сега кај граѓаните враќаме двојно повеќе и вкупната исплата за ГМП и детски и образовен додаток за август изнесуваше околу 200 милиони денари.

Би сакала да издвојам неколку податоци и резултати после првите три месеци од спроведување на реформата. Само за три месеци, детскиот додаток им се исплаќа на 20.230 деца што е за три пати повеќе, а образоввниот 8.681 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходно. До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток, што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно.

Сето ова го правиме за да ја намалиме детската сиромаштија и да им го вратиме достоинствениот живот на луѓето, преку поддршка при вработување и нивно вклучување на пазарот на труд. Ова е многу важно за мене како министерка и за нас како Влада. Цврсто сме решени да ја намалиме сиромаштијата и да помогнеме за секое дете да има еднаква шанса да успее во животот.

После долги години го враќаме достоинството и на воспитувачите и на социјалните работници. 1.170  вработени во Центрите за социјални работи добија историско зголемување на платите во просек за 4.363 денари по вработен, за што се обезбедени дополнителни 8 милиони денари месечно. Со ова конечно тие ќе добијат достоинствени примања, но и поголема мотивација да работат и напредуваат. Со социјалната реформа, социјалните работници излегуваат од позади бироата и излегуваат на терен директно да работат со граѓаните. Тие се столбот на реформата и директно одговорни за поддршка на примателите и нивно вадење од длабока сиромаштија.

Обезбедивме историски највисоко покачување за 3.138 негователи и воспитувачи во градинките. Тие сега земаат плата во просек за 3.000 денари повиока од претходно односно добија покачување за 16%, за што се обезбедени 13 милиони денари месечно. Дополнително зголемување од 5% ги очекува и со септмвриската плата која ќе се исплати во октомври и со тоа вкупниот пораст на плати ќе биде 21%

Даваме шанса и на постарите коишто останале без стаж за пензионирање, а го граделе нашето општество. За овие граѓани ја воведовме социјалната пензија во висина од 6.000 денари и првите над 200 уплати се веќе реализирани. Центрите за социјални работи тековно работат на разгледување и одобрување на околу 4.000 барања коишто пристигнаа до нив согласно новиот Закон за социјална сигурност на стари лица.

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ не се откажува ниту од зголемувањето на маинималната плата. Минималната плата достигна 12.507 денари. Уште поважно е што таа се изедначи во сите сектори, вклучително и кај одделите производство на текстил, облека и кожа, каде минималната плата беше околу 8. 000 денари. Благодарение на ова решение, 50.000 работниици од трудово интензивните индустрии добиваат плати повисоки за околу 4.000 денари месечно. Во моментот се прават последните пресметки за ново законско решение со кое платите ќе продолжат да растат.

Ние имавме слух да излеземе во пресрет и на стечајците кои со години по улиците ја бараа својата правда. Со нови законски измени обесштетени се околу 11.000 стечајци, кои долго време беа оставени без никаков надоместок. Тие секој месец до нивно пензионирање ќе добиваат надометок од околу 8.200 денари со што се исправаат големи неправди наследени од претходната власт.

Само за исплатата во јули годинава државата за оваа намена издвои приближно 1,3 милиони евра – пари директно вратени кај граѓаните. Очекувам во скоро време да имаме законски измени со коишто материјално ќе обезбедиме и уште 1.000 стечајци со што вкупната бројка ќе биде 12.000. 

Почитувани граѓани

СДСМ вети и се заложи да се бори против сиромаштијата, големата нееднаквост во општеството и да води политики со кои ќе ги враќа парите кај граѓаните. Политики со кои ќе им се помогне на оние на кои помошта им е најпотребна и на оние кои со години беа заборавени на маргините на општеството. Во овие три години, преку низа на рефоми од кои само дел споменав денеска, СДСМ докажа дека она што го ветува и го реализира.

Докажавме дека сите политики, мерки и реформи се во насока за праведно распределување на буџетот и поддршка на сите граѓани. Во периодот кој следи, продолжуваме уште посилно и поодлучно да работиме во оваа насока.

Мила Царовска, потпретседателка на СДСМ