Царовска: Над 14 илјади ученици пријавија испити, матурата ќе се спроведе, бојкотот е неоправдан
Министерката за образование и наука во врска со бојкот на наставата на средношколците рече дека станува збор за мали групи средношколци коишто го искажуваат свој револт.
„Тоа е нивно право да го изразат незадоволството, но е важно да се знае дека мнозинството учениците ја следат наставата. Една скопска гимназија има поорганизирано дејствување, додека во останатите гимназии и средни училишта, станува збор за изолирани мали групи“, изјави Царовска.
Министерката изјави дека матурата ќе се спроведе за што веќе се прават подготовките, а учениците најуредно ги имаат пријавено матурските испити.
„Повеќе од 14.000 матуранти ја пријавиле матурата, што всушност е бројката на матуранти отприлика коишто ги имаме годинава во земјата. Концептот за полагање на матурата е утврден уште на почетокот на учебната година и тој се спроведува во моментот.
Секое поместување ќе ни направи проблем со запишување на учениците во високо образовани дома и надвор во земјата.
Министерката истакна дека матурата значи заокружување на едно ниво на образование и затоа таа треба да се полага.
„Сите коишто планираат да продолжат на факултетите треба да ја полагаат матурата затоа што таа е услов да може да го продолжат образованието на факултетите и дома и надвор од земјата. За наредната година 2022 кога ќе полагаат дека тогаш нема да има проблем ќе имаат нова концепција и договоривме да формираме работна група, којашто ќе стартува од понеделник заедно со матурскиот одбор и Државниот испитен центар. Тие се задолжени за таа концепција. Да се подготви нов концепт по којшто ќе се полага секако дека е потребен нов концепт за измени во матурскиот испит и тоа ќе го направиме знаат и средношколците, но од идната учебна година“, рече Царовска.
Министерство за образование и наука
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари