Царовска: Новата концепција се воведува етапно за да добиеме стабилен образовен систем
Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека новата концепција за основно образование ќе се воведува етапно и сукцесивно.
-Влегуваме со прво одделение и сега дискутираме за шестото одделение. Секоја следна година тоа што сме го научиле од првата ќе го подобриме во втората и третата и веруваме дека во период од пет години ќе имаме стабилен образовен систем. Со интегрирањето на предметите и по природни и по општествени науки, но и со нивно изучување преку меѓусебно поврзани теми создаваме атмосфера на учење и во исто време го движите ученикот низ осознавање на светот и се надополнува постојано со знаења, рече Царовска во гостувањето во А1 он.
Министерката посочи дека ваков пристап во подобрување на образовниот систем досега сме немале, и дека се правиле корекции на делчиња од образованието.
-Професорите и самите кажуваат дека сега за прв пат ја гледат целата слика. Одиме во едно или во две одделенија, за да можеме да постигнеме квалитет. Кога ќе речеме дека за пет, или шест години ја затвораме рамката, тогаш ќе имаме еден стабилен образовен систем, објасни Царовска.
И интензивните обуки на наставниците пред стартот ќе бидат фокусирани за одделенијата каде влегува концепцијата.
-Прв пат оваа концепција е проследена со кариерен развој на наставниците. За прв пат во наредната година тие ќе можат да бидат назначени за наставници ментори, тие најдобрите да се издвојат од настава и да може да се грижат имеплементацијата на оваа концепција да оди во квалитетна насока, нагласува Царовска.
Ново на Сител
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка