Македонија
12. September 2018 - 15:16

Царовска од Пехчево: Новите социјални реформи ќе го подигнат квалитетот на живот

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска беше во посета на Пехчево, каде со градоначалникот Драги Тренчовски разговараше граѓаните со цел да ги слушне предизвиците со кои се соочуваат во нивното секојдневие.

Таа ги информираше за промените во делот на социјалната заштита, кои ќе почнат да се применуваат од следната година.

- Знаете дека како Министерство се трудиме да ги заштитиме работниците и тоа го правиме. Ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари, донесовме закон за раст на плата со цел да го поддржиме растењето на платите во текстилната индустрија, кожарската индустрија и други гранки кои во минатото беа запоставени, речќе таа.

Министерката додаде дека многу е важно тоа што со социјалната реформа ќе се постигне подобар квалитет на живот на огромен број на граѓани кои денес живеат во сиромаштија.

- Токму затоа оние промени кои ги најавуваме како менаџмент со случај како зголемување на социјална помош на одредено достоиствено ниво и вклучување на центрите за социјална работа за грижа за сите наши корисници е она што ќе го работиме во претстојната 2019 година, рече министерката.

Таа се осврна и на претстојниот референдум при што ги повика сите граѓани кои се уште размислуваат дали да излезат на референдум, да излезат и заено да кажат „ЗА“ за европска Македонија.

- Ги повикувам сите граѓани, исклучително и опозицијата да не се мислат, да излезат, бидејки Европа значи цврсти институции, силни институции, пари за вработување, мобилност на нашите млади, со цел тие да останат во нашата држава, а не да ја напуштаат како што тоа беше досега. Затоа на 30 септември сите да излеземе и да кажеме „ЗА“ европска Македонија, порача Царовска од Пехчево.