Џет-Сет
27. March 2018 - 21:22

Цеца ги разнежни фановите: Љубов е тоа голема

Светлана Цеца Ражнатовиќ во последно време на својот Инстаграм профил објавува главно слики сама и во различни парчиња гардероба, а по некогаш со фановите споделува некоја секојдневна активност во која ужива. Она што ги воодушеви фановите е нејзината последна објава.

Имено, Цеца вчера објави фотографија со својот син Вељко, на која се гледа дека е среќна и горда мајка.

Оваа објави предизвика лавина коментари на Инстаграм, а Цеца доби бројни комплименти и поддршка од фановите да остане таква прекрасна и грижлива мајка.