Loading Video...
Свет
10. March 2020 - 16:50

Цела Италија ставена во изолација - критично и во Франција, Германија и Шпанија

Затворени јавни институции, без спортски натпревари, затворени образовните установи до 4 април-вака изгледа Италија еден ден откако коронавируост ја обои целата земја во црвена зона. Ова дополнително ги исплаши граѓаните, па не изостанаа ниту долгите редици пред продавниците,  Радикалните мерки на кои се одлучија италијанските власти, сега  мора да ги почитуваат околу 60 милиони луѓе.

Ова е момент за одговорност. Сите ние имаме голема одговорност. Сите граѓани заедно со мене. Правилна одлука е:  Од денеска сите да останете дома.Иднината на Италија е во наши раце. Но мора да бидеме одговорно повеќе од кога и да било.

Оваа земја и понатаму останува европскиот Вухан. Заразени се околу 10 000 луѓе, а починаа над 400. Низ пекол поминал и Италијанецот Лука, кој цела ноќ останал во соба покрај починатата сестра од коронавирус, молејќи ги властите за помош, преку социјалните мрежи.

Живееме близу Неапол, затворени сме во куќа, Тереза почина вчера. Не смеам да ја напуштам куќата затоа што можеби и јас сум заразен со вирусот, бидејќи и давав вештачко дишење. 

Во Европа, критично е и во Франција каде има над 1400 заразени и Германија и Шпанија со над 1200. Австрија забрани влез за патници од Италија. Позитивен на Ковид 19 е францускиот министер за култура Франк Ристер. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер и претседателот на ЕП Давид Сасоли се самоизолираа.  Во карантин се и петмина американски конгресмени позитивни на вирусот. Двајца од нив имале и контакт со претседателот Доналд Трамп, кој засега не е тестиран.